Португалската телевизија и Европската унија за радио и телевизија го избраа Лисабон за домаќин на Евровизија 2018.

Организаторите соопштија дека полуфиналето ќе се одржаи на 8 и 10 мај, а финалето на натпреварот – на 12 мај. Португалија стана земја-домаќин благодарение на победата на Салвадор Собрал на Евровизија 2017 во Киев.