Претседателот Ѓорге Иванов ја повика владата да објави и да го објасни текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред неговото потпишување. На овој начин и тој како претседателски кандидат на Груевски , исто како и вмровските соопштенија и настапи на пратениците на ВМРО ДПМНЕ преку наводен повик за транспарентноста, внесува сомнеж за исправноста на договорот за добрососедство со Бугарија кој треба на 1 август да биде потпишан во Скопје.
Според него недостатокот на транспарентност предизвикува негативни коментари и загриженост во општеството кои треба да се надминат преку објавување на текстот на документот .
“Претседателот Иванов истакна дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Македонија и дека ниту еден меѓудржавен договор не треба да биде на штета на македонските национални интереси”, пишува во официјалното барање на Претседателството на Македонија.
Сепак Иванов ги знае деталите , а и покрај се тој имаше и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, на која беше информиран за последната верзија на договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Иванов многу добро знае дека и тој не ги објавува сите детали на сите негови средби и дипломатски и меѓународни договори,тоа не е пракса, а одговорноста за својата работа во такви меѓудржавни договори ја сносат тие кои учествуваат во тие преговори и договори. А за воља на вистината договорот помина во МАНУ, на Влада на РМ, и пред пратениците во парламентот. Се разбира зад затворени врати затоа што тоа е одговороност за сите кои учествуваат. Целосно несогласување не искажа никој, ниту побара да биде блокиран, напротив да биде надополнет.
“Претседателот Иванов, се вели ви соопштението и во иднина ќе продолжел да учествува во процесите на помирување и решавање на спорните прашања по мирен начин и преку политички дијалог, во согласност со меѓународното право и добрососедските односи, со цел да се постигнат фер одлуки врз основа на принципот на меѓусебно почитување и воздржување од мешање во внатрешните работи на земјите “, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.