Анѓушев: Владата ќе ги испочитува договорите со сите инвеститори

од desk2
77 прегледи

Договорите на сите инвеститори кои користат државни субвенции ќе бидат испочитувани од страна на Владата во потполност, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по средбата со странските инвеститори кои користат државни субвенции.

Нагласи дека договорите содржат обврски за двете страни и доколку инвеститорите ги исполниле своите обврски од договорот, тој ќе биде испочитуван во целост, а во спротивно ќе се искористат сите средства кои се на располагање за заштита на државниот имот.

Најави дека од септември ќе биде подготвен нов вид договор во кој покрај досегашните бенефиции на странските инвеститори за инфраструктура и за покривање на дел од трошоците, ќе има клаузула во која субвенциите ќе зависат од висината на нето-платата што им ја нудат инвеститорите на вработените.