Врховен ги потврдил одлуките за 30-дневен притвор на двајца од обвинетите од СЈО , а на едниот му ја прифатил жалбата и одлучил да остане само без пасош. Останува уште претседателот на Врховен Јово Вангеловски да ги потпише.Ова е првпат во судската истроија да се чека на жалба на одлука за притвор од сите судски инстанци.

Поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујевски и неговиот подреден, Никола Бошковски ќе одат во притвор, а шефот на кабинетот на екс директорот на УБК. Третата жалба е уважена и нема притвор за Тони Јакимовски, актуелен генерален директор на анти-криминалната организација Селек, кој порано беше началник на Првата управа на УБК и шеф на кабинетот на Сашо Мијалков. Врховниот суд одлучил да го задржи во Македонија и да му ги одземе и двата пасоши, обичниот и дипломатскиот, кој Јакимовски го има како генерален директор на СЕЛЕК со канцеларија во Букурешт. Основниот суд претходно му одредил една мерка на претпазливост- еднаш месечно да се јавува во суд, одлучија денеска на крајот на рокот од советот од пет судии во Врховен.
Се очекува одлуката во секој момент да биде потпишана од преседателот на Врховен суд Јово Вангеловски.
Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште нема комантари на одлуката . Информација не е дистрибуирана ниту во Министерството за внатрешни работи од каде се подготвени и чекаат на наредба за изврување согласно одлуката и законите и обвинетите да ги спроведат во притвор.

Грујевски, Бошковски и Јакимовски се обвинети во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ кои се однесуваат на прислушкувањето телефонски броеви без судска наредна преку опремата во УБК и на уништувањето на истата опрема .