СЈО распиша оглас за 30 нови луѓе

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Специјалното јавно обвинителство распиша оглас за 30 нови вработувања. Бараат од стручни соработници, советници до технички персонал.

Според огласот распишан денеска обвинителството е во потрага по информатичари и економисти кои ќе ги советуваат обвинителите, јави Телма.  Се бараат и  помлади обвинителски соработници, преведувачи, дактилографи и еден референт за финансиски истраги. Од техничкиот персонал СЈО бара доставувачи, работник во бифе и хаус мајстор.

„Се отвори потреба од нови вработувања и за кои добивме согласност од министерството за финансии, а трошоците за нив се во рамки на предвидениот буџет. Потребна ни е помош од стручен персонал за веќе постоечките истраги, доработка на материјалите за нив но и за новите истраги на СЈО на кои се работи“, велат од СЈО, за Телма.