(ВИДЕО) Град налик на снег ја погоди Истра – силно невреме ја зафати Хрватска

од Vladimir Zorba
63 прегледи

– Попладнево, хрватскиот град Истра беше зафатен од силно невреме, проследено со град.

Хрватските медиуми пишуваат дека температурата на воздухот нагло се спуштила на 13 степени и дувал силен ветер.

Поради градот беа затворени и некои локални патишта, а поради големата количина паднат град, на терен беа испратени и багери за да ги расчистат улиците.

Медиумите наведуваат дека станува збор за најсилен град во последните десет години.