Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската палата, каде што беше примена од францускиот претседател Емануел Макрон, при што разговараа за нејзините хуманитарни активности во областа на образованието.
– Се насочивме на образованието од глобален аспект и ќе имаме прилично голема објава во септември.”Имав неверојатна средба со претседателот и првата дама. Тие беа неверојатно гостопримливи “, рече на излез од Елисејската палата Ар енд Би ѕвездата Ријана .
Пејачката од Барбадос во 2012 година ја основа непрофитната фондација „Клара Лајонел“, која промовира проекти за стипендии низ целиот свет.
Францускиот претседател пред извесно време се сретна и со пејачот на ирската група „Ју-Ту”, филантропот Боно Вокс, со кого разговараше за намалување на сиромаштијата