САД ќе бидат принудени да повлечат од Русија стотици дипломати, по денешната реакција на Москва на воведувањето нови санкции, јави „Ихтерфакс“.

„Не зборуваме за десетици, туку за стотици дипломати и технички персонал кои се на дипломатски мисии во Русија“, агенцијата цитира неименуван извор, а пренесува Ројтерс.
Како што претходно пренесоа агенциите, американскиот Сенат со големо мнозинство гласови синоќа одобри воведување нови санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја.
Москва во соопштението како одговор на санкциите и предложи на американската страна да го намали бројот на дипломати и технички персонал во американската амбасада во москва и генералниот конзулат на еднаков број со руските дипломати и технички персонал во САД, а како што пренесе „Спутник“, тоа значи дека вкупниот број персонал во американските дипломатски и конзуларни претставништва во Русија ќе се намали на 455.
Москва и забрани на американската амбасада да ја користи викендицата во Сребрен бор, како и маѓацините во улицата „Дорожној“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија.