Србија нема деца за нова војна

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Претседателот Вучиќ со поддршката на интелекуталецот Ковачевиќ за дијалогот со Косово

Еден од најзначајните српски писатели Душан Ковачевиќ не се колеба да го поддржи повикот на претседателот Александар Вучиќ за широк јавен дијалог со Косово. Тоа Душан Ковачевиќ го изјави во интервју за агенцијата Танјуг.

“По страдањата во шест војни во 20 век Србија веќе нема народ и деца за седма војна, бидејќи таква нова војна би значело крај на оваа држава”, рече академик Ковачевиќ.

Тој додаде дека целта на секој политичар кој води дијалог, е да се спречи војна во која ќе бидат вклучени децата. Писателот сподели исто така, дека паднал на позитивнитереакции за предлогот проблемите меѓу Србите и Албанците да се решаваат по мирен пат. “Овој предлог е прифатен од сите страни. Оваа идеја е многу стара и само во 20 век постојано  е актуелизирана. Но од неа се откажувале поради војни, несогласувања, притисок од странски сили. Случувањата денес е еден од последните моменти да се реши по мирен пат спорот меѓу српскиот и албанскиот народ “, смета најценетиот современ српски драматург. Тој е убеден дека неговата земја никогаш повеќе нема да се осмели да војува: “Србија денес е без економска стабилна, без дефинирани граници … Не треба да дозволиме некој да не  провоцира за нова војна и тоа треба да биде нашата црвена линија во дијалогот со Косово “, истакна Ковачевиќ. Според него токму тоа не можат да го  разберат луѓето во Белград, кои денес повторно зборуваат за војна. “Ми се крева  косата кога ќе чујам од луѓе во Белград да повикуваат да се брани Србија на секој чекор. Тие не можат да истрчаат ни 100 метри, треба да јадат три пати на ден и да спијат два пати за 24 часа. При воени дејствија попладне, тие нема да можат да учествуваат во нив, затоа што тогаш ќе спијат. Тие, сепак, нема да војуваат, а ќе војуваат нашите деца. Оние кои се најмногу најгласните во повиците за заштита на Србија, никогаш не војувале, ниту некогаш ќе војуваат. Секој тежок и долготраен дијалог е подобра опција од секоја војна “, истакна Ковачевиќ.