Сашо Мијалков се повлече од сите партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
599 прегледи

   Сашо Мијалков, член на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска соопшти дека донел лична одлука да се повлече од сите партиски функции.

– Ја информирам јавноста дека мојата политичка активност ја ставам во мирување. Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции, стои во соопштенисто испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Мијалков наведува дека низ целиот свој животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградувал во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите.

– Останувам со убедување дека мојот ангажман и професионални заложби за Македонија за време на моето работење во државните институции ќе бидат уште повеќе валоризирани и верификувани низ една историска дистанца. Продолжувам и понатаму силно и убедено да ги поддржувам вредностите на партијата и она во што секој наш член верува, каузата на историското ВМРО и визијата за просперитетна Македонија, напредна и модерна, членка на ЕУ и НАТО, стои во соопштението.

Мијалков еден од осомниченте во случаи „Таргет“ за незаконско прислушкување, „Трезор“ и „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство/MIA