Инцидент! Над 22.000 евакуирани при пожар на музички фестивал во Барселона(ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Над 22.000 присутни на музучкиот фестивал „Тумороуленд Јунајт Спејн“(Tomorrowland Unite Festival)
што се одржува во шпанскиот град Барселона, беа евакуирани синоќа, откако избувна пожар на главната сцена на манифестацијата.

Организаторот на фестивалот на својот профил на Фејсбук објави дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.

Инцидентот се случил неколку минути пред стартот на настапот на американскиот ди-џеј Стив Аоки.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, при кој целосно изгорела конструкцијата на сцената.

За среќа во инцидентот нема повредени, а прикажувањето на луѓето поминала мирно.

 

Претставник на полицијата инфромира дека евакуацијата на пристните била спроведена мирно без предизвикување паника. Нема информации за повредени при инцидентот.

 

https://twitter.com/_/status/891434134723317761