Природни феномени кои заслужуваат да се видат

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Понекогаш природата создава фасцинантни и неверојатни појави за кои луѓето едноставно не можат да си дадат објаснување, односно им е тешко да поверуваат дека таков феномен навистина постои.

Со текот на времето, со помош на науката луѓето добија објаснување на овие природни појави, почнувајќи од вулканските ерупции до ѕвездите што паѓаат, но сепак одвреме- навреме може да се случи некој феномен за кој е тешко да поверуваме дека навистина се случил.

1. Кози што се искачувааат на дрво (Мароко)

Во пустините во Мароко навистина е тешко да се пронајде храна, така што животните мора да се адаптираат на тешките услови за живот. Тоа особено важи за козите кои научиле да се качуваат на дрвјата и оттаму да се исхрануваат.

2. Миграција на пеперутките Монарх (Калифорнија, Колорадо и Мексико)

Секоја година, милиони пеперутки мигрираат од Канада до Мексико и Калифорнија, патување во кое се потребни три до четири генерации на пеперутки за да ја изведат преселбата од една земја во друга.

3. Лунарно виножито

Места на кои може да се сретне лунарно виножито се Националниот парк Јосемити во Калифорнија, Викториини водопади во Африка и водопадите Камберленд во Мичиген.

Лунарното виножито се формира кога светлината од месечината се одбива од површината на водата и се одразува во воздухот. Оваа појава е најчеста таму каде што има водопади, се случува на полна месечина и е послабо од обичното виножито.

4. Аурора Бореалис и Аурора Аустарлис

Аурора Бореалис

Најчесто се појавуваат во  различни бои и изгледаат како обоени бранови на небото.

Аурора Аустралис

5. Пештерите Ваитимо Глоуворм, Нов Зеланд

Илјадници туристи годишно одат да ги посетуваат волшебните пештери во Нов Зеланд за да ги видат уникатените светулки населени во нив, што ги има единствено во Нов Зеланд.

6. Дожд од риби во Хондурас

Можеби ова ќе ви звучи како бајка, но за жителите на Јоро е факт дека секое лето врне дожд од риби. Според митот во кој луѓето веруваат, отец Хозе Мануел Субирана, католички мисионер кој многумина сметаат дека е светец, се молел три дена и три ноќи поради големата сиромаштија во оваа област. Дождот од риби, така веруваат луѓето, е чудо од Господ кое трае до денешен ден. Феноменот не е истражен од научниците, но постојат неколку теории за него.

Сепак, луѓето си ги носат рибите дома и ги готват, а во чест на настанот се прославува Фестивалот на дожд од риби во јуни или јули, различно од жителите.

7. Големата преселба

Секоја година, масивни стада од 1.5 милиони диви животни и 200.000 зебри се селат од Кенија во Танзанија.

8. Мистериозниот шум од Таос

Понекогаш звучи како експлозија, а понекогаш како зуење, никогаш не е пронајдена причината за настанувањето на овој феномен. Жителите на Таос во Ново Мексико со години се збунети од мистериозниот и слаб шум со ниска фреквенција.

Сличен ваков звук се појавува и на Хаваите, што наведе некои научници да веруваат дека е последица на вулкански активности.