Вулин: Планот за Косово го исклучува признавањето независност

од desk2
77 прегледи

Планот на српскиот претседател Александар Вучиќ за Косово го исклучува признавањето независност, порача српскиот министер за одбрана Александар Вулин.


„Признавањето н Косово е исклучено. Нема збор за тоа. Од Бриселската спогодба (за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина од 2013 година), со сите мои забелеѓки на тој договор, успеавме да ја сочуваме српската држава на Косово“, изјави Вулин во неделното интервју за „Политика“.

По повод неодамнешниот повик на Вучиќ на внатрешен дијалог за решавање на косовскиот проблем, истакна дека сите институции во кои Србија верува треба да го кажат својот став за Косово како стратешко национално прашање.

Вучиќ, повикувајќи ги сонаодниците на внатрешен дијалог за Косово, вели дека тој заеднички одговор на сегашнте проблеми се одлучувачки за Србија и спрскиот народ, затоа што прашањето за односот на Србија кон Косово ја успорува Србија.

„Додека тоа не го решиме, ќе имаме замрзнат конфликт и никогаш нема да се извлечеме“, порача Вучиќ, чиј повик поттикна различни реакции во јавноста, од одобрување и прифажање на дијалог до забелешки дека сака да ја подели одговорноста која во поглед на промени на Уставпт и решавање на косовскиот проблем ја вети на Западот.