Познатиот кип на Исус во Рио де Женеиро е најопасната светска атракција

од desk2
150 прегледи

Се чини дека фасцинантната скулптура на Исус Христос во бразилскиот град Рио де Женеиро станува најопасната светска атраквија. Не се работи за состојбата на кипот, таа е одлична, туку за крадците кои околу неа демнат туристи и ги ограбуваат.


Последниот инцидент се случи деновиве, кога локални крадци избодеа полски турист, на патеката која низ шумата води до кипот.

Исто така, во последните десетина денови ограбени се уште 58 туристи, а со таа бројка од почетокот на годинава на таа патека ограбени се 150 туристи.

Крадците се млади луѓе кои живеат во околните фавели, сиромашни населби во рио, а ги напаѓаат и ги ограбуваат туристите.

Локалното население постави натписи на англиски и португалски јазик за да ги предупреди турисите да го избегнуваат патот низ шумата и да не го ризикуваат животот затоа што од тоа нема никаква потреба.

Од полицијата велат дека не можат да ги заштитат туристите затоа што немаат доволно луѓе.

Состојбата нема да се поправи со оглед на статистиката која вели дека бројот на убиства е зголемен за 11 отсто од лани.
Ако сте од оние кои планираат да го посетат кипот на Исус одлучете се за превоз со воз. Дневно кипот го посетуваат 5.500 луѓе.