Непознати хакери успеале да украдат од компјутерските системи на американскиот ТВ канал Ејч-Би-О / HBO / информации за претстојните серии на ТВ сагата “Игра на тронови”, објави електронското издание на магазинот “Ентертејнмент викли”.
Според податоците на весникот хакерите планираат да го откријат заплетот на неколку серии од “Игра на престоли”. Тие дури ја имаат објавено содржината на две од нив. Тие со гордост велат дека успеале да украдат од HBO 1.5 терабајти информации. Од ТВ каналот потврдија дека нивните компјутери биле подложени на сајбер нападите.
“Веднаш почнавме истрага и соработувавме со органите на прогонот, како и со фирми за компјутерска безбедност”, се вели во соопштението на HBO. Серијата “Игра на престоли” е создаденa според мотиви од циклусот романи “Песна за оган и мраз” на американскиот писател Џорџ Мартин. Премиерата на првата сезона беше на 17 април 2011 година.
Серијата е еден од најскапите во историјата на американската телевизија.