„Емоционалните работи“ се уште остануваат во надлежност на луѓето

од desk2
135 прегледи

Вештачката интелигенција и роботите нема да можат да ги заменат луѓето во работните места кои бараат емоции, наведуваат стручњаците.


Според нив, се изработуваат машини кои препознаваат емоции на човечките лица и во гласот, но се далеку од симулирање вистинска емпатија.

Технологијата како вештачката интелигенција и обработката на податоците го менуваат бизнис светот.
Работата во малопродажба исчезнува во САД, а луѓето ги заменуваат роботи.

Научните студии покажуваат дека во моментот во Америка 40 отсто од работните места на кои луѓето се ангажирани се во опасност ос автоматизација, како и две третини од работните места во земјите во развој.
Во кина слабо на платените работни места во производство сега работат роботи.

Меѓутоа, роботите засега, не се во состојба да располагаат со стварни емоции, кои се потребни и значајни во некои занимања.

Со роботизацијата, која се повеќе се шири, успешната соработка со другите станува клучна за успешен бизнис, а тука емоциите се многу важни.

Ревизијата на Светска банка од 2016 година покажува дека 79 отсто од вработените ги рангираат социо-економските вештинин како искреност или способност за работа во тим како најважни.

Емоционалните вештини се најваажни во здравството, каде постои зголемена побарувачка за работници поради глобално зголемениот број жители и ширење на болести, наведува BBC.

Тука се вбројуваат и високо образовани лекари и техничари чија работа со пациенти е поврзана со технички вештини, како и работници на кои главни задачи им се поддршката и комуникацијата со луѓе.
И образованието е подрачје каде се бара човечки ангажман за да се мотивираат учениците.
Роботите нема да можат сосема да ги заменат социјалните работници или прфесори во средните училишта.
Сепак, тие „емоционални работи“ се слабо платени во однос на оние во кои роботите ја преземаат главната улога.