(ВИДЕО) Милошоски: Денеска го одбележуваме Илинден, не сакаме да ѝ дадеме легитимитет на Владата

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од новиот генерален секретар Христијан Мицковски, Антонио Милошоски и други членови на Извршниот комитет на партијата, денеска положија цвеќе на Мечкин Камен. Од партијата велат дека одлучиле еден ден порано да го одбележат Илинден во Крушево затоа што не сакаат да даваат легитимитет, како што велат, на нелегално избраните функционери во Владата на СДС и ДУИ.

„Сметаме дека овој Илинден е премногу важен за на него да им дадеме легитимитет за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија која ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им одадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која што е темел на современа Република Македонија. И, трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизери и граѓани кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање легитимитет на прослави организирани од владата на СДС и ДУИ затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки кои го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат услови или некој да смислил некои намерни инциденти што може да ги нарушат честа и достоинството на Илинден“, рече Милошоски./a1on