Роботот Kuri Vision ја следи ситуацијата во куќата и прави снимки

од desk2
94 прегледи

Компанијата Mayfield Robotics произведе робот под назив Kuri Vision, кој ја следи ситуацијата во куќата и прави неочекувани снимки.


Роботот Kuri Vision е висок 60 cm, потполно е автономен, открива и совладува препреки, а се движи со помош на тркала. Тоја автоматски бележи неочекувани моменти правеќи клипови од 5 секунди. Опремен е со микрофон кој снима звуци, а клиповите ги праќа на сматрфонот на домаќинот и тој бира дали ќе го сподели клипот на социјалните мрежи или не.

Вработените во комапнијата Mayfield Robotis го тестирале роботот дома и забележале дека прави најдобри снимки кога тоа не го очекувате. Роботот може да го изгасите, или да го ограничите неговото движење, па така може да не снима во одредени простории.

Импресивно е што роботот учи врз основа на изборот кој корисникот го прави. Со помош на својата HD камера може да идентификува лица и да го разликува човекот од куќниот љубимец.

Роботот задржува се во својата мемеорија, а корисникот со помош на својата апликација Kuri, достапна за уредите со оперативен систем iOS и Android, ги бира најдобрите и ги дели со другите. Бтеријта трае два часа, а потоа роботот сам се полни.

Се очекува дека продажбата на робот ќе почне кон крајот на годината, а ќе чини 799 долари.