Санитарните службеници во Санкт Петербург нашле човек кој не излегол од својот стан од распадот на ССР, деведесеттите години на минатиот век.

Кога влегле внатре, санитарците нашли куппишта ѓубре високо речиси еден метар, а меѓу вреќите нашле испиен старец.
Од документи кај него е пронајдена само лична карта од времето на СССР.
Тој живее со сопругата која е психички болна, а редовно од улица собира шубре и го носи дома.
Судски извршители од Санкт Петербург ги пратиле двајцата на лечење и донеле одлука за иселување од станот кој социјално го изнајмуваат.
Подот на двособниот стан во зградата е покриен со голем слој ѓубре наведуваат надлежните служби.
Мажот е итно пренесен во болница, а неговата сопруга е сместена на психијатриска клиника, наведуваат руските портали.