Научници подготвија најточната карта на темната материја во нашиот универзум

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Научници објавија најточна карта на која се гледа темната материја во нашиот универзум, објави ББС. Тимот истражувал повеќе од 26 милиони галаксии како дел од најголемата студија псветена на темната материја..

Картата ќе им помогне на научниците да разберат од што е составена темната материја и да научат повеќе за друг мистериозен феномен наречен темна енергија.

Според професор Оер Лахо од Лондонскиот универзитетски колеџ, мапата ќе открие нови информации за тоа како функционира универзумот. “Темната материја и темната енергија се веројатно една од најголемите мистерии во светот на науката. И ова предизвика голем интерес кај научниците, бидејќи е сосема ново. Всушност, сè уште не знаеме што е ова “, додаде експертот.