Во освртот на посетата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс во Подгорица, Гласот на Америка ја истакнува пораката за лидерите на седумте балкански држави дека припаѓаат на новата генерација на нови лидери.

„Америка на прво место не значи дека треба да биде сама, заедно сме посилниоткколку што некогаш можеме да бидеме одвоени. Во текот на посетата на Полска минатиот месец претседателот Трамп ги предизвика сите сојузници и партнери во Европа и сите кои негодуваат, според неговите зборови, ќе ја обноват посветеноста за да се соочиме со предизвиците кои ги делиме. Таа посветеност почнува од вас и акцијата која вие како лидери на регионот ќе ја преземете. Ова е време на големи можности за секоја од вашите држави“, го цитираат Пенс.
Тој истакна дека сите држави на Западен Балкан неодамна „одржале слободни, фер и демократски избори со учество на сите политички партии и со резултат кој е одраз на волјата на народот“ и наведе дека тоа е „историско достигнување“, што тој и Трамп го честитаа.
„Припаѓате на новата генерација балкански лидери и овој историски момент за напредок на балканот, искористете го. Имате прилика да ги смирите жалостите од минатото и да ги споите луѓето од различно потекло и различни верувања во потрага по општо добро“, порача Пенс.
Радиото истакнува дека посебно интересен е настапот на српската премиерка Ана Брнабиќ, која нагласила дека регоналната соработка е еден од приоритетите на Србија, како и дека Србија во последните три години направила големи поместувања во смисла на економската стабилност, намалување на јавниот долг и намалување на невработеноста.
Медиумите забележаа дека Пенс не ја спомна улогата на Албанија во регионот, а чудно е што премиерот на Албанија Еди Рама го немаше на заедничката фотографија на завршувањето на Самитот. Се наведува дека тоа некој го објаснил со фактот што тој повторно на едно големо собирање се појави во патики.
Гласот на Америка оценува дека што се однесува на домаќинот, Црна Гора има силна поддржка од САД и забележува дека Пенс во текот на дводневната посета на Црна гора не се сретна со претседателот на Демократската парија на социјалистите Мило Ѓукановиќи со чениците на Демократскиот фронт, додека во разговорот со лидерите на граѓанската опозиција ги повика на вражање во парламентот.