„Шамарите во Центар“ ќе бидат докази против Груевски!

од Vladimir Zorba
112 прегледи

 Скопска Апелација донела одлука со која се уважува жалбата на СЈО според која докази се и прислушуваните разговори кои ги има ова обвинителство, а се однесуваат на предметот во јавноста познат како „Шамарите од Центар“. Тие докази ќе важат за експремиерот Никола Груевски кој е осомничен во тој предмети за 13 други лица.

Всушност од прислушуваните разговори се дознава дека нарачаните шамари за Андреј Жерновски стои експремиерот Никола Груевски.

Овие докази ги предложи обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, но своевремено судијката Татјана Михајлова не ги прифати и одлучи да ги издвои.