Косово се соочува со потенцијална политичка криза откако новиот парламент не успеа да избере претседател

Косово се соочува со потенцијална политичка криза откако новиот парламент не успеа да избере претседател , ставајќи го под сомнение прашањето дали коалицијата која победи на изборите во јуни, воопшто може да собере мнозинство. Конститутивната седница на косовскиот парламент не продолжи попладне, како што беше најавено, и истата е одложена бидејќи отсуствуваат 39-те членови на коалицијата Пан.
Пратеникот Глаук Коњуфца од “Самоопределување” повика коалицијата да се откаже и да направи пат на движењето и коалицијата ЛАА кои треба да формираат влада. “Ова е повеќе од добра вест и потврда дека Пан нема доволен број пратеници за избор на претседател на парламентот, а оттука и за формирање влада. Затоа нека не се залажуваат себеси и отстапат на оние кои имаат доволен број пратеници “, рече тој. Коњуфца и додаде дека нема никаква пречка “Самоопределување” и ЛАА да формираат влада која “нема да зависат од Белград”.
Вонредните парламентарни избори се одржаа на 11 јуни. Според конечните резултати, коалицијата Пан (Демократска партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) добива 39 пратенички мандати. Движењето “Самоопределување” има 32 места, коалицијата ЛАА (Демократска унија, Алијанса за ново Косово и Алтернатива за Косово) – 29 пратеници. По десет претставници ќе имаат Србите и партиите на малцинските етнички заедници. Демократскиот сојуз на Косово веќе соопшти дека пратениците од коалицијата ЛАА (Демократска унија, Алијансата за ново Косово и Алтернатива) нема да дадат ниту еден глас за формирање на влада, предводена од кандидатот на Пан Рамуш Харадинај.
Неуспехот на последната седница загрижува, а набљудувачите се со сомнеж за нови предвремени избори.
Косово, поранешна српска покраина, чие население од 1,8 милиони луѓе се главно етнички Албанци, е една од најсиромашните земји во Европа. Таа прогласи независност од Белград во 2008 година, речиси една деценија по војната за независност од 1998-1999 година, која заврши по 11-неделно бомбардирање на НАТО против Србија.
Војната остави зад себе 13 000 жртви. Повеќе од 110 држави ја признаа независноста на Косово, вклучувајќи ги и САД и повеќето членови на Европската унија, но Србија одбива да го стори и прифате признавањето. / АФП