Упорно лаење на кучиња, пред болница во североисточна Нигерија, спречи двајца бомбаши-самоубијци да gi експлодираат своите експлозиви во зградата, изјави полицијата, цитирана од ДПА.
Бомбашите – маж и жена, влегле во комплексот на болница во градот Маjдугури во раните утрински часови. Лањето на кучињата го привлекло вниманието кон нив и тие се кренале во воздух предвреме, пред да влезат во зградата. Така при нападот единствените жртви биле двајцата бомбаши. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но тоа го носи ракопис на исламистичката група “Боко Харам”.