(Видео) Прогласена кризна состојба во Македонски брод и во Чашка поради пожарите

од desk2
135 прегледи

За поефикасно гаснење на пожарите Владата прогласи кризна состојба во два региони, Македонски Брод и во Чашка каде повеќе денови има активни пожари, кои ги пустошат шумите и се закануваат на населените места.

Како што соопшти министерот за внатрешни работи крзината состојба ќе трае 30 дена, пренесе Макфакс.

Според Спасовски, со прогласувањето на кризна состојба во овие подрачја, повече институции ќе бидат обврзани да помогнеат во справување со пожарите.

Тој потенцира дека изминативе денови имавме помош од Бугарија и од Турција, кои испратија средства и возила за спрвувањето со пожарите.

Спасовски нагласи дека нема место за паника кај граѓанте на Република Македонија и дека состојбата будно се следи.

Кризна состојба се прогласува само на овие две подрачја затоа што пожарот таму трае неколку дена, а и теренот е понипристапен.

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/839025192941772/