Уапсија вооружен маж кој се обидел да влезе на Ајфеловата кула

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Париската полиција приведе  синоќа вооружен со нож маж, кој се обидел да влезе во Ајфеловата кула. Инцидентот се случил непосредно пред полноќ по локално време.

Човек, вооружен со нож, се обиде да ја избегне полициската контрола на локацијата под Ајфеловата кула. Тој веднаш бил фатен е неутрализиран. Причините за неговите активности се непознати “, се вели во соопштението на радио” Франс инфо “. По инцидентот сите посетители беа брзо отстранети од Ајфеловата кула. Полицијата и деминерите ги  проверија сите катови на кулата,  и не беше онајдено ништо сомнително.

Друштвото за експлоатација на Ајфеловата кула изрази задоволство од активностите на властите. Од минатата година пристапот до локацијата и касите е можен само по контрола со металодетектори и внимателен преглед. Целиот периметар околу објектот е оградена со висока ограда. Идната година на ова место ќе биде поставена висока ограда со непробојно од куршуми стакло, за да не се блокра погледот кон кон  Ајфеловата кула. / ТАСС