Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини задржувањата се од 20-30 минути.
Од АМСМ велат дека поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.