Два умерени земјотреса го погодија Бодрум

од desk2
65 прегледи

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во 8:18 часот по локално време во регионот на турското одмаралиште Бодрум, во Југозападна Турција, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили.

Епицентарот на земјотресот, кој е почувствуван во Бодрум и околните населни места, бил во селото Панарлабелен.

Земјотресот предизвикал паника и жителите во регионот излегле на улиците.

Во 8:44 часот е регистриран втор земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала. Двата земјотреса биле на длабочина од седум километри. Земјотресите предизвикаа паника во регионот на Бодрум, кој на 21 јули беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала.