Владимир Путин на фасадата на „Трамп Сохо“ хотелот во Њујорк

од desk2
120 прегледи

Ликот на рускиот претседател Владимир Путин, насмевнат во позадина на знамето на земјата, беше прикажан вчера на фасадата на хотелот „Трамп Сохо“ во њујоршкиот кварт Менхетен. Ова го соопшти „Бизнис инсајдер“, цитиран од агенциите.

Путин беше прикажан со кренат палец, во знак на одобрување. На руското знаме се читаше натпис на англиски: „Мило ми е што можам да помогнам, братче“.

„Бизнис инсајдер“ не информира кој ја организирал оваа акција.

Според сајтот за време на настанот пред 46-катниот облакодер биле забележани група луѓе со воени униформи и црвени безбол капи на главите. Едниот држел руско знаме.

Американски медиуми и дел од политичката елита неколкупати ја обвинија Русија дека се вмешала во претседателските избори во САД во 2016 година, освоени од Доналд Трамп. Москва ги негира обвинувањата, но во меѓувреме тие станаа популарна тема, дебатирана во различни американски шоупрограми и хумористични емисии, забележува ТАСС.