Можеме ли во иднина да добивамее нафта не од утробата на земјата, туку од воздухот кој го дишеме?

Млади швајцарски научници и претприемачи филтрираат и ги рециклираат емисиите на јаглерод диоксид, кој се испуштаат во воздухот во околината на Цирих. Старт-ап фирма во Дрезден нашол начин како од рециклираниот јаглерод диоксид да произведе ново квалитетно црно злато слично на керозинот.
Огромните уреди за филтрирање се на швајцарската фирма “Клајмуоркс” и тие се ставени над фабрика за отпад крај Цирих. Според основачот на фирмата Јан Вурцбахер, преработката на јаглеродниот диоксид ќе биде основен елемент на заштитата на животната средина. 900 тони јаглерод диоксид годишно рециклираат Швајцарците, објаснува Јан Вурцбахер во Цирих.
А во Дрезден старт-ап фирмата “Санфаер” го преработува рециклираниот јаглерод диоксид, кој личи на крем бела паста, до производ, кој спокојно може да се нарече вештачка нафта.
Процесот е многу енергоемек. Се користи за обновлива енергија. Нилс Алдаг, раководител на проектот, прецизира: “Вештачката нафта можеби ќе биде особено интересна за авиопревозниците, бидејќи квалитетите се најблиски до оние на керозин, тврдат научниците од техничкиот универзитет во Берлин”.