Скриената тајна на јадрото на Сонцето

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Внатрешниот дел на Сонцето е скриен од очите и по се изгледа дека тоа чува многу тајни за науката.

За прв пат научници успеаја да ја измерат со точност ротацијата на сончевото јадро. Тие утврдиле дека тоа не се врти со иста брзина како површината на ѕвездата, а со скоро 4 пати поголема брзина!

Иако научниците претпоставуваа дека може да има разлика во брзината на ротација на јадрото и на површината на Сонцето, досега тоа со сигурност не можеше да се провери. Се верувало дека Сонцето ротира како цело тело со еднаква брзина.

 

Последните податоци од Сончевата и хелиосферична опсерваторија ЕСА и НАСА обезбедија прв доказ за постоењето на одреден вид гравитационен бран со ниска честотa која реверберира во Сонцето и се покажува како клучна за мерење на параметрите на ротација на јадрото на Сонцето.