Деветта ротација на словачки полицајци на македонско-грчката граница

од desk2
84 прегледи

Во Република Македонија денеска ќе пристигне деветтата ротација припадници на полицијата на Република Словачка согласно Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, соопшти словачката Амбасада во Скопје.

Единицата од 15 словачки полицајци ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

– Словачка полициска единица ќе биде распоредена во областа на Битола и Меџитлија. Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање, се наведува во соопштението.

Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Република Словачка од март 2016 година досега во земјата има испратено вкупно 205 полициски службеници.