Организаторите на Светското атлетско првенство во Лондон се соочија со голем проблем откако атлетичарите смместени во хотелот Тауер добија вирусен гастроентеритис.

Најчести симптоми се повраќање и дијареа, а се пренесува со храна и контакт со заразено лице.
Англискиот Институт за јавно здравје соопшти дека 30 атлетичари и членови на тимови се заразени, додека еден од фаворитите на 400 метри Исак Маквала од Боцвана бил принуден да се повлече од финанлната трка во вторникот.
Тој се сметаше дека е подготвен за трка иако повраќал, но организаторите му рекоа дека не смее да се натпреварува.
„Можев да трчам. Се загревав и бев подготвен за трка. Ова е баш лошо, срцето ми е скршено. Бев подготвен и толку напорно работев за ова“, рече Маквела.
Канадските и германските атлетичари кои отседнаа во хотелот минатата недела не се чувствуваа добро, а 30 германски атлетичари кои оваа недела стигнуваат на првенството ќе бидат сместени по други хотели.
Организацискиот комитет уверува дека се преземени сите мерки болеста да не се шири, а челниците од хотелот велат дека истрагата покажала дека хотелот не е извор.