Утре се отвора IKEA во Белград

од desk2
167 прегледи

Шведскиот гигант во производство на мебел IKEA во Белград се отвора на 10 август, а деновиве ги отвори вратите за новинарите.


IKEA во Белград се простира на 33.000 квадратни метри, каде купувачите ќе најдат инспирација за уредување на домот.

Ќе се продаваат 9.5000 артикли, а во склоп на објектот има ресторан, игротека, и паркинг за 1.200 деца, што е стандардно за објектите на IKEA, ширум Европа.

Објектот на IKEA има вградено современа технологија, која придонесува за одржливост и економичност. Па така, има систем за сепарација и одлагање на 23 фракции на отпад, со што само 10 отсто од отпадот ќе оди на депонија.

Поседува и геотермални пумпи за греење и ладење на самиот објект. Дождовницата ќе се користи за вода во тоалетот, што е прв ваков пример.

Стоковната куќа е на 14 км од центарот на Белград.