Уапсен напаѓачот од Париз

од desk2
93 прегледи

Француските власти денеска соопштија дека полицијата го уапсила лицето кое со возило прегази и повреди војници во париското предградие Левалоа-Пере.

Како што јавуваат француските медиуми, напаѓачот, чиј идентитет и националност засега не се откриваат, е ранет за време на престрелката која се случила при неговото апсење.

Апсењето се случило на автопатот A 16, на северот на Франција, но полицијата засега не открива детали за настанот.
Тој прегази шест војници, од кои двајца се потешко, а четворица полесно повредени. Во Франција се уште на сила е вонредна состојба на зголемена безбедност, по серијата напади од 2015 година наваму.