Балерина причина за разводот во семејството на Роман Абрамович – но и жена му имала љубовници

од Vladimir Zorba
256 прегледи

По веста за разводот на милијардерот Роман Абрамович и галеристката Дарја Жукова, во медиумите излезе името на балерината Диана Вишнева, прима балерина на Маринскиот театар.

Гласините за врскаата на 50-годишниот сопственик на фудбалскиот клуб “Челзи” со руската балерина се појавија уште во септември 2014 година. Прес секретарот на милијардерот Џон Ман сепак тогаш ја нарече оваа информација глупост и уште измислица на жолтите медиуми. Таткото на балерината Виктор Вишнев, исто така, ја побиваше блиската врска на неговата ќерка со женетиот бизнисмен.

Во последно време, сепак во печатот се засилија гласините за меѓусебните измами на Абрамович и Жукова – на Абрамович од април оваа година му припишува врска со предметната Вишнева, а Дарја Жукова се обидоа да ја поврзат со “војно лице” додворувач, пишува руската печат.

Што се однесува до балерината, медиумите потсетуваат дека еден од нејзините проекти бил финансиран од Абрамович. Станува збор за Меѓународниот фестивал на современа кореографија “Контекст”. Диана Вишнева основач и уметнички директор, потсетуваат медиумите кои укажуваат дека таа има 41-година.

На крајот на мај оваа година пак на аеродромот во градот Перм слета личниот авион на бизнисменот “Боинг 767-33AER”, со кој тој пристигна на затворањето на Дјагилевскиот фестивал. Таму се одржа светската премиера на три едночинки од балетот на Игор Стравински – “Жар птица”, “Петрушка” и “Бакнежот на самовила” со учество на ѕвездите на светскиот балет Диана Вишнева и Наталија Осипов, напиша тогаш “Комсомолскаја правда”.

На сопругата на рускиот милијардерот Жукова пак како љубовници и беа припишувани холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, уметничкиот дилер Вито Шнабел (односно италијанскиот таблоид Chi беше објавил “компромитирачки” фотографии, а претставници на Абрамович рекоа дека тиес се фалсификувани), како и роднини на американски претседател Доналд Трамп – Џошуа Кушнер.

Британскиот “Дејли мејл” соопшти само за вечера на руската галеристка со еден од најпосакуваните ергени во САД, кој е брат на Иванка Трамп, Џаред Кашнер.

Онака, претстои серија од “Разводот на Абрамович”, пишува Утро. Ру. Експертите на Форбс го оценија неговото богатство 9,2 милијарди долари. Изгледа 36-годишната ќерка на бизнисменот Александар Жуков има за што да се бори, освен природно нивните две деца – син Арон и ќерката Леа.

Ова е трет брак на рускиот олигарх. Од нејзината втора, поранешна сопруга, Ирина Абрамовиќ, има 5 деца.