Гувернерот на Гуам во четврток ги отфрли севернокорејските закани дека ќе развијат план до средина на август да испалат ракети на таа американска пацифичка територија, велејќи дека тие доаѓаат од позиција на страв и дека не е повишено нивото на узбуна од евентуална закана.

Севернокорејските државни медиуми во текот на денот јавија дека, врз основа на планот кој ќе му биде претставен на водачот на земјата Ким Јонг-ун, четири ракети со среден домет ќе бидат испалени во водите меѓу 30 и 40 километри од Гуам, како најава за клучното предупредување на САД.
Гиам има 163.000 жители и на него е сместена американска воена база во која се наоѓа подморска единица, воздушен полигон и крајбрежна стража.
„Тие сакаат да се непредвидливи. Испалуваат проектили кога никој не е подготвен за тоа и до сега, тоа го направиле многупати. Сега телеграфираа дека се подготвени за тоа“, вели гувернерот Еди Калво за Reuters во интервју објавено на островот.
„Тие сега ни телеграфираат дека ќе нападнат, што значи сакаат да нема никакви недоразбирања. Мислам дека тоа е од позиција на страв“, вели Калво.
Смета дека има одредена загриженост кај населението на Гуам, но не и паника, а дека властите се уверени дека нема потреба да го зголемуваат нивото на опасност од надворешна закана, покрај предупредувањата на Северна Кореја кои прв пат беа пратени во средата.
„Постои одбранбен штит со Јужна Кореја, Јапонија и Гуам, и постои противракетен одбранбен систем на Гуам, што формираат одбранбен штит на повеќе нивоа“, додава Калво.
Смета дека врз основа на тоа што го знаат до сега нема потреба од загриженост и зголемување на нивото на узбуна.