Голем пожар во Превеза, се доближува до куќите

од Vladimir Zorba
77 прегледи

  Голем пожар денеска пламна во градот Превеза, во западниот дел на Грција, и со голема брзина им се доближува на куќите, соопшти противпожарната служба.

Пожарот, што избувна во индустриската област на Превеза, го гаснат 30 пожарникари со 15 возила.

Во гасењето на пожарот помагаат и три летала, пренесе грчката агенција АНА-МПА, додавајќи дека и локалното население помага во борбата со огнената стихија што им се доближува на нивните куќи.

Гаснењето на пожарот е отежнато од силниот ветар.