Во политичките кулоари се погласни се шпекулациите дека опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе го “посоветува“ државниот обвинител Марко Зврлевски сам да понудии оставка која ке треба му биде усвоена во парламентот и на тој начин да обезбеди нови денови и недели за опозицијата која прави се да го блокира парламентот.

Јасно е дека обвинителот Зврлевски нема интегритет сам да си носи одлуки за себе туку до последен ден ќе биде маша на Груевски и фамилијата велат изворите на Либертас и ќе прави се како од таму ќе му биде наложено.
Зврлевски кој за себе рече дека мисли оти чесно работел очигледно одлучил до крај да биде дел од тефтерчето на Јанкуловска како што од устата на екс министерката слушнавме во објавените бомби од прислушувањето.