
Мрсните риби и придобивките од нив за убава кожа поради содржината на Омега 3 не се ново откритие, но веста е дека многу од овие риби имаат токсично влијание врз кожата поради нивниот начин на одгледување, тврди Леска Друмонд, нутриционист и хомеопат.
Затоа експертот препорачува риби, кои се без токсини и со богата содржина на антиоксиданти. “Лососот од Алјаска и мали риби како сардини се исто така добар избор. Избегнувајте туна “, советува Драмонд, цитиран од Ел.
Друг познат диетолог – Рејчел Ен Хил дава совети која храна е добра за тенот: “Витамини Ц и Е се витални за кожата. Тие го намалуваат штетното влијание на слободните радикали кои го уништуваат еластинот и колагенот. Витамин Ц во поголеми количини има не само во цитруси, но и во пиперките, брокулите и карфиолот. Ореви, масла, маслинки, спанаќ и аспарагус се добар извор на витамин Е. “