Автомобил се удри во пицерија во Париз, има повредени и убиено е дете

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Инцидентот не се смета за терористички акт.

Девојче беше убиено кога синоќа автомобил се удри во пицерија во париско предградие, соопштија
од париската жандармерија . Возачот на автомобилот е уапсен.

Според судски извори мажот се обидел да се самоубие. Тој удрил со автомобил во предниот дел на
пицерија во Сет Сор ан Сен е Марни, источно од Париз.

Загинатата девојка била на 13 години, а не осум како што беа првичните информации, посочи портпаролот на министерството за внатрешни работи.
Повредени се вкупно 12 лица. Четворица од нив се во тешка состојба, а другите осум – се полесно
повредени.

Меѓу најтешко погодените е и помалиот брат на загинатите девојче. Според лекарите
постои опасност да биде загрозен и  неговиот живот.
Уште во првичните извештаи обвинителството најави дека сторителот постапил намерно, но
инцидентот нема никаква врска со тероризам. Возачот на автомобилот е роден во 1985 година и е
непознат на силите на редот. Тој објаснил дека сакал да стави крај на својот живот уште претходниот
ден, но не успеал. Потоа одлучил да се обиде повторно со  удирање со автомобил. / АФП