Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не планира да ги бара транскриптите од интервјуто за британската новинска агенција „Блумберг“, соопштија за „Мета“ од Министерството од одбрана.

„Министерката за одбрана нема намера да се меша во работата ниту на домашните, ниту на странските медиуми и оттаму воопшто не би сакале да го коментираме барањето на руското МНР за транскрипт“, велат од МО.
Оттаму истакнуваат дека министерката Шекеринска има дадено изјави и за други медиуми кои се достапни до јавноста.
„Позициите на Владата и на министерката Шекеринска за стратешката цел за членство во НАТО и добри односи со партнерските земји во меѓународната заедница како и со Русија се единствени, јасни и недвосмислени“, велат од МО.