СЈО приведе и екс функционер на СДСМ

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Приведено лице кое објавувало прислушувани материјали на Јутјуб

 

 По наредба на Специјалното јавно обвинителство, вчера во полициска станица е приведено лице со иницијали Љ.П. за предистражна постапка која се однесува на објавување на прислушувани разговори на социјалните мрежи.

Од МВР  потврдиуваат дека лицето е задржано во полициска станица по барање на СЈО, но бидејќи станува збор за предистражна постапка, не објавуваат подетални информации за случајот.

Инаку, под псведонимот „Никола Тесла“, на мрежата Јутјуб, беа објавувани приватни аудио-телефонски разговори за познати личности од политичари и тв бизнисот.

Во јавностса се тврди дека станува збор за екс функционерот на СДСМ, кј бешеглавен активист  и на градската организација ан СДСМ на Скопје Љупчо Палевски -Палчо

Палевски се поврзуваше со објавувањето на приватни телефонски разговори на јутјуб каналот како „Тесла“. Повеќето од објавените функционери меѓу кои и новинари поднесоа пријави во СЈО против ваквите злоупотреби.

Приватни телефонски разговори осамнаа од еск пратеничката Ермира Мехмети, лидерот на ДУИ Али Ахемти, поранешниот премиер Хари Костов, бизнисменот Јордан Камчев, уредниците на Сител Драган Павловиќ  Латас и Ивона Талевска, новинарката Оливера Трајковска и други.

 

Слични содржини