Двојна евтаназија: Брачна двојка починаа заедно по последниот бакнеж

од desk2
115 прегледи

За последен пат се бакнаа, па починаа заедно држејќи се за раце. Можеби звучи морбидно, но брачната двојка Ник и Трес Елдерхорст, од холандски Дидам, на возраст од 91 година, решија да го прекинат својот живот со евтаназија, контролирана смрт, што е дозволено во Холандија.


Нивната ќерка вели дека тоа била нивната желба, за умрат заедно.

Ник Елдерхорст имал проблеми со здравјето по мозочниот удар кој го претрпел пред пет години, додека на неговата сопруга оваа година и дијагностицирале деменција. За да може да бидат подложени на евтаназија во Холандија, која во 2001 година стана прва земја на светот што ја легализираше евтаназијата, лекарите мора да сметаат дека пациентот трпи неподносливи болки и дека не постои шанса за негово излекување. Токму затоа и двојна евтаназија е многу ретка.

Локалните медиуми пишуваат дека брачната двојка Елдерхост со месеци чекале нивните пријави да бидат одобрени. Тие биле во брак 65 години.

„Се бакнаа и починаа држејќи се за рака“, вели нивната ќерка.

Со евтаназија во Холандија умираат 4,5 отсто. Поголемиот број луѓе кои бараат евтаназија имаат здравствени проблеми кои доаѓаат со годините, патат од деменција, имаат психички проблеми или комбинација од наведеното, се наведува во извештајот на AP.