
Шпанската полиција соопшти дека убила пет лица во градот Камбрилс за да го спречат вториот обид за напад со возило, сличен на оној во Барселона.
Напаѓачите носеа експлозивни појаси, соопшти полицијата.
Инаку, 13-ет лица загинаа, а десетици се повредени кога комбе се втурна во толпата во областа Лас Рамблас во Барселона, во четвртокот попладне.
Возачот на комбето побегна и се уште е на слобода, информира Би-Би-Си.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој рече дека тоа е “џихадистички напад”.
Властите сега ги поврзуваат нападите во Барселона и во Камбрилс со експлозија во куќата, која се случи во средата вечерте во градот Алскар, каде што еден човек загина.
Претходно шефот на полицијата, Џозеф Луис Траперо, изјави дека се чини дека жителите на куќата во Алчар “подготвувале експлозивна направа”.
Шпанските медиуми јавија дека еден од напаѓачитев вмешан во нападот во Барселона е убиен кога се обидел да ги избегне барикадите поставени надвор од градот.
Барселона.La Vanguardia соопштува дека тој бил убиен, кога бил забележан на еден контролен полициски пункт, каде се обидувал да избега од градот.
Шпанскиот весник „Публико“ претходно објави дека во врска со нападот полицијата привела две лица, од кој едниот е идентификуван како Дрис Укабир, на чие име е изнајмено комбето со кое е извршен нападот. Меѓутоа, полицијата ги негираше ваквите информации, посочувајќи дека е уапсено само едно лице, но не го соопшти неговиот идентитет.
Нападот се случи на популарна пешачка улица Лас Рамблас, во близина на плоштадот Плаза Каталонија. Одговорност за нападот, според првични информации ја презеде Исламска држава. Полицијата ги негираше информациите, што ги објавија дел од шпанките медиуми дека двајца вооружени мажи се забарикадирале во еден бар во центарот на Барселона, каде држат заложници.
Весникот „Ел Паис“, пак, објави дека се слушнати истрели во зоната околу блискиот пазар Ла Бокерија, додека „Вангардија“ информираше дека во престрелка со полицијата е убиен еден од напаѓачите, но полицијата ги негираше и овие информации. ТАСС јави дека автомбил удрил во тројца полицајци, кои се обиделе да го запрат поради контрола на булеварот „Дијагонал“ во Барселона.