
Осомничениот за терористичкиот напад во Барселона, кој наводно го изнајмил комбето и потоа удрил во пешаци, по што 13 лица загинаа, Дрис Оукабир тврди дека брат му ги украл документите и е вмешан во крвавиот атентатот, пренесува “Дејли Меил”.
Ел Паис известува дека братот на Дрис се вика Муса, живее во Барселона и има 18 години. Пред неколку дена Муса на социјалните мрежи напишал вознемирувачки коментари на кои генерално е напишано дека сите неверници треба да бидат убиени.

Муса – брат на осомничениот, Дрис Оукабир

Дрис Оукабир вели дека не постои вина за тероризмот. Во меѓувреме, се појавија нови застрашувачки фотографии и видеа од нападот на Лас Рамблас. На снимките може да ги видат вооружените полицајци, многу амбулантни возила и тела на улица.


