Без разлика дали сте се разбудиле без енергија или пак, ви треба освежување по тешкиот работен ден – ова фрапе е одличен избор за вас!

Потребни состојки:
3 топки сладолед од ванила
Коцки мраз
60 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
30 милилитри млеко
2 лажици сируп со вкус на кафе
Шлаг пена
Какао во прав
Начин на подготовка:
Изматете ги сладоледот, коцките мраз, кафето, млекото и сирупот со миксер. Матете сè додека не добиете мазна површина. Префрлете ја добиената с1меса во стаклена, оладена чаша и декорирајте со шлаг пена и прстофат какао во прав.