Првиот паметен телефон на изумителот на Android оди во продажба

од desk2
83 прегледи

Енди Рубин, изумителот на Андроидот, пред неколку месеци го најави паметниот телефон Essential. Овие денови Essential ќе се најде во продажба во САД.


Меѓутоа, целта на Рубин не е прозиводство на телефони, затоа што таму има многу конкуренција, туку планира да развие систем за паметни домови и сите гаџети кои го чинат.

До крајот на годината Essential планира да лансира паметен звучник, Essential Home, а развива и нов оперативен систем Ambient, кој треба да ги поврзе сите паметни уреди кои ги имате или мислите да ги имате, како термостатот, звучникот или куќните апарати.

Рубин смета дека за сето тоа прво е неопходно да се има добар паметен телефон.