Здружението на лекари специјализанти ЗЛC ја поздравува одлуката на Министерството за здравство да го прифати барањето на ЗЛС за укинување на интермедиерниот испит. „Со овој конкретен чекор Министерството за здравство покажа свесност за проблемите со кои се соочуваат лекарите специјализанти и желба да се решат истите“, пишуваат во писмото до јавноста.
„ЗЛС верува дека Министерот за здравство и во иднина ќе покаже разбирање и континуирано ќе соработуваме до конечно исполнување на нашата визија и мисија за задоволен лекар специјализант, необременет со егзистенцијални проблеми, целосно посветен на пациентите и со сите услови за да го искористи максимумот од својот потенцијал“, се вели во соопштението.
„Само преку заеднички напори и реформи може ставиме стоп на одливот на белите мантили и да се потрудиме да обезбедиме достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани во Македонија“, додаваат тие.