Терористот во Финска бил одбиен за азил

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Марокански мигрант кој завчера  нападна со нож минувачи во финскиот град Турку,всушност бил одбиен  за право на азил во земјата, објави телевизија МТВ.


18-годишниот Мароканец пристигнал во Финска во 2016 година, живеел во Турку,во бегалски центар. Експертите наведуваат дека цел на напаѓачот биле претежно жени – две од нив се убиени а други 6 повредени. При злосторство му беа повредени двајца мажи, кои според истрагата се обиделе да го запрат марокаеца или им помагале на повредените.

Едната од жртвите загинала на место, другата на патот кон болницата. Во една болниците на градот се наоѓа 8 повредени, а статусот на тројца е тешки  и животно загрозувачки повреди.

Нападот во Финска се истражува како терористички акт

Самиот напаѓач беше уапсен откако беше ранет во ногата од полициски куршум. / ТАСС